Celebrity

Во Холивуд вампирите се најплатени

Со оглед на големата популарност која ја стекна со Сагата за вампирите, очекувано беше актерката Кристен Стјуарт да се најде на листата на актеки кои најмногу заработуваат.

Имено, Кристин изминатата година го снимаше серијалот “Сагата самрак”, каде по филм има земено 12,5 милиони долари, што би значело дека таа за една година заработила 34,5 милиони долари.

Зад неа се најде Камерон Диаз која изминатата година заработила 34 милиони, а на трето место е Сандра Булок која заработи 25 милиони. На петто место е Шарлиз Терон која оствари заработка од 18 милиони далори.

Втората петорка ја сочинуваат: Џулија Робертс со 16, Сара Џесика Паркер со 15, Мерил Стрип со 12, Кристин Виг со 12 и Џенифер Анистон со 11.

Write A Comment