На светов постои едно место каде секој има комфорен стан, сигурна работа, автомобил и бесплатно здравствено осигурување и сè тоа само затоа што е жител на едно село. Тоа место се вика Huaxi и се наоѓа во Кина.
Пред само 30 години селото имало неасфалтирани улици, жителите возеле традиционални кочии, и местото било сиромашно и напуштено. Денес ова место е најмодерното во Кина и претставува туристичка атракција која е посетена од 2 милиони туристи годишно.
Ова село брои 2000 жители и секој од нив има право да ги ужива горе наведените луксузи.
