Celebrity

Воениот ветеран го бара Robert Pattinson!

Младиот актер Robert Pattinson ќе игра американски војник во Иран во најновиот филм „Mission: Blacklist“. Авторот на истоимениот роман лично го одбрал актерот за оваа улога.

Во остварувањето кое во кината треба да пристигне наредната година, Pattinson ќе го игра Eric Maddox, кој своите искуства за потрагата по Saddam Hussein ги преточил во книга.

Иако критичарите не биле многу задоволни со овој избор, писателот смета дека актерот од „Самрак сагата“ е идеален за оваа улога.

–          Состанокот со него траеше цели 14 саати и тој е полн погодок за овој филм. Целосно е посветен на работата и е прилично популарен актер, – го пофалил Eric актерот.

Филмот ќе биде во режија на Jean Stephane Sauvaire.

Напиши коментар