Возењето велосипед, кој поради незгодните седишта докажано влијае врз еректилната дисфункција кај мажите, но најновите истражувања покажаа дека ни малку не е поразлична состојбата и со жените!!!
Седиштата кои се користат кај велосипедите се конструирани на тој начин што цела тежина на телото е концентрирана кон предниот дел на велосипедот, тоа пак доведува до притискање на важни нервни и нервни завршетоци, крвни садови во областа на гениталиите.
Влијанието на велосипедот врз женското здравје сеуште не е доволно испитано. Но последната студија на Универзитетот Јеил откри дека група на девојки кои возеле често велосипед имале помалку осетливи гениталии од девојките кои спортувале на друг начин.
Со студијата се сакало да се утврдат специфични фактори кои влијаат врз болката и укочувањето на препоните кај жените кои возат велосипед.
Сигурно сте забележале дека истото Ви се случува и Вас…
Еве зошто е тоа така и што да сторите!!!
Во студијата на Јеил учествувале 48 жени од кои се барало да поминат најмалку 6 километри неделно возејќи велосипед во лабораторија на Универзитот. Испитаничките ги донеле своите велосипеди во лабораторијата каде истите биле монтирани на стационарни машини и се побарало жените да ги наместат седиштата на велосипедите според нивните потреби. Додека возеле постојано биле испрашувани дали чувствуваат болка или имаат нелагодно чувство, додека специјално дизајниран апарат ги мерел сензитивноста на карлицата кај сите девојки.
Се востановило дека сите од испитаничките чувствувале одредени негативни ефекти од возењето велосипед, најчеста била болката на карлицата и нелагодност неколку дена по возењето велосипед. Според истражувачите причина за тоа било неправилната положба на седиштето во однос на воланот на велосипедот. Имено колку воланот е пониско во однос на седиштето толку повеќе телото е напрегнато нанапред а тоа доведува до создавање на голем притисок на одредени генитални нерви и крвни садови.
„ Возењето велосипед е еден од најздравите начини за рекреирање, според мене нема подобар, но мора да се обрне внимание како правилно да се вози велосипедот, особено кај женската популација. Се препорачува секогаш седиштето на велосипедот да биде што е можно пониско во однос на воланот, за да се избегнат лошите ефекти врз гениталиите. за болката и нелагодноста не се виновни седиштата на велосипедите туку начинот на кои тие се поставени во однос на воланот“ објаснува Доктор Marša K.Ges .
