Celebrity

White Christmas го слави 70-тиот роденден

Овие денови многумина веќе почнаа да пејат една од најпопуларните празнични песни – White Christmas која го слави 70-тиот роденден.

Иако низ децениите ја преработиле многу музичари, оригиналот од дамнешната 1942 година ја извел Бинг Крозби.

Песната е продадена во 50 милиони примероци, кога на тоа ќе се додадат изведбите на останатите изведувачи, бројката се качува на повеќе од 100 милиони продадени примероци. White Christmas со тоа е прогласена за најпродавана песна во историјата, според Гинисовата книга на рокорди!

Иако ни самиот изведувач првично не гледал ништо посебно во песната White Christmas, таа денес го слави 70-тиот роденден и е најпродаваната песна во историјата!

Напиши коментар