Celebrity

Whitney Houston ќе ја глуми нејзината ќерка!

Повторно се најавува снимање на биографски филм за животот на Whitney Houston, а како потенцијален кандиат со најголеми шанси за улогата се јавува нејзината ќерка Bobby Christina.

Порано за оваа улога се слушаше името на пејачката Rihanna, но сега ќерката на починатата ѕвезда е видно заинтересирана за улогата.

Инаку, Bobby Christina доживеа нервен слом по смртта на мајка си, а потоа во јавноста се прошири веста дека е во врска со дечкото кој цел живот ѝ бил како брат.

Со тоа што ќе ја добие оваа улога, младата Bobby Christina (18) сака да ѝ докаже на јавноста дека е подготвена да стане дел од светот на шоубизнисот.

Write A Comment