Free zone

За мажите од женски агол:)

Силните мажи ги држат роговите на бикот и викаат „Оле!“, а другите се фаќаат за роговите на главата и викаат „Олеле!“.

Ако ги „средуваа“ и жените, онака како што ги средуваат своите автомобили, немаше да има неверства, рогови на машките глави и разводи.

Еден плаче за својата жена, друг од неа, трет за туѓата, ама на крај сите мажи плачат.

Мажите ги сакаат девиците, затоа што не поднесуваат критики.

Фантазијата на плашливите мажи ги создава боговоте, а на вљубените – богините.

Вистинскиот маж секогаш ја поставува жената на пиедестал. Останатите само се „врткаат“ околу неа или околу пиедесталот.

Не сите мажи се изгубени – некои едноставно се исфрлени.

Мажот може да купи куќа, но само жената може од неа да направи дом.

Во многу машки биографии после зборовите „…е роден…“, не треба да следува дата, а прашањето „Зошто?“.

Жените и многу пари да имаат никогаш не им се доволни, а мажите и малку да имаат – секогаш се спремни и последните да ги дадат за жени.

Онаму каде жените се грозни, мажите стануваат философи.

Жените се големи ѓаволи, но роговите ги носат мажите.

За секое женско срце има клуч, но за некои треба цела колекција – од сеф, куќа, кола, вила…

Кога жена ќе ти го даде срцето, значи ти дала се. Кога ти ќе и го дадеш срцето, значи си изгубил се!

Напиши коментар