After Midnight

За она што го тера срцето да бие како лудо….

…За надежта и изгубената надеж, за љубовта и неверството, за пријателството и предавството, за насмевката и солзите, за она што го тера срцето да бие како лудо….

…Ако некогаш протестирам, тоа е само затоа што сум човечко срце, а срцата на луѓето се така направени. Се плашат од своите најголеми мечти, зошто сметаат дека не ги заслужуваат или пак дека нема да ги постигнат. Ние, срцата, умираме од страв само при помислата за љубов, изчезната засекогаш, за мигови, кои би можеле да бидат прекрасни, а се случило токму обратното, за богатствата што можеле да бидат откриени, а останале засекогаш во песокот. Зошто ние многу страдаме кога тоа ќе се случи.

…Секој човек на земјата има свое богатство, што го очекува, додаде срцето. Ние срцата, ретко зборуваме за тие богатства, бидејќи луѓето веќе не сакаат да ги откриваат. Зборуваме за скриени богатства само на децата. После оставаме животот да го упати секој од нас кон неговата сопствена судбина. Но за жал, малкумина се оние, кои го следат обележаниот за нив пат. И така, луѓето мислејќи дека светот е полн со сопки и замки, тој навистина се исполнува со такви нешта. Тогаш, ние срцата започнуваме да зборуваме се потивко, но никогаш не замолчуваме сосема. И се молиме зборовите да ни бидат слушнати, не сакаме луѓето да страдаат заради тоа, што не го послушале гласот на своето срце…

…Она што го прави животот интересен е возможноста да ги остваруваме мечтите.

…Кога човек силно посакува нешто, целата Вселена му помага да го постигне или добие саканото.

…Само една работа ја прави мечтата невозможна: стравот од неуспех!

…Кога една работа ќе се случи еднаш, не е задолжително да се повтори, но штом се случи два пати, тогаш бидете сигурни, ќе има и трет пат.

…Ако можеш никогаш да не излезеш од сегашноста, ќе бидеш среќен човек. Ќе разбереш дека во пустината постои живот, дека небото е поплавено со ѕвезди, а битките се бијат зошто тоа е дел од човечкото битие. Животот ќе ти се претвори во безкраен празник, зошто всушност животот не е ништо друго освен она што во моментов ти се случува.

…Имаме врски кои никогаш не можеме да ги раскинеме, колку и упорно да се обидуваме, зошто секогаш оставаат нешто од себе и божем прекинати, а всушност само незавршени…и секогаш кога повторно ќе сретнеме даден човек или дури само споменот за него го тера срцето да бие повторно како лудо…

Ако еден маж не може да направи една жена да се смее, да се чувствува сакана и заштитена, значи или не ја сака вистински или не е никаков Маж!!! Вистинскиот маж ќе направи се за жената што ја сака! За него нема невозможни нешта! Ако се стигне до изговори, верувајте, тоа се само лаги. Зарем ќе продоолжиш да живееш со човекот што те лаже, наместо со оној што те љуби? Ако не ја затвориш вратата на мажот што те лаже, вратата на оној што вистински те љуби ќе остане секогаш затворена.

…Дури и кога ќе заминат, мажите секогаш се враќаат кај онаа што вистински ја сакале. Сите други се само „полнење“ што брзо се троши и тие ја помнат само онаа што чита во нивните очи, онаа што ги разбира без зборови, која ги полудува до безкрај, која никогаш не е задоволна и сака да и се предаде сосема.  Онаа единствената што го држи клучот од нивното срце…Онаа што никогаш не простила што ја оставиле за некоја друга. Онаа што ќе остане само спомен, илузија, неостварен сон. И онаа чии очи ќе ги бара во секоја наредна…и нема да ги најде.

1 Коментар

Напиши коментар