After Midnight

За успешна врска – помалку претпоставки, повеќе комуникација

Постојат некои грешки во комуникацијата помеѓу партнерите кои иако навидум не претставуваат голем проблем, но цело време доведуваат до натрупување на незадоволство и до тоа партнерите да се чувствуваат помалку поврзани, меѓусебно да се оддалечат и да стекнат впечаток дека оној другиот не ги слуша и не ги разбира.

Една од тие грешки е кога не кажувате доволно. Тоа е заради фактот дека, откако ќе поминете извесно време во некоја врска, почнувате да мислите дека вие двајца доволно добро се разбирате. Во поголем број случаи тоа е точно, само што може да доведе до тоа да на саканата личност не и соопштите некои детали, подразбирајќи дека таа ќе ги знае. Понекогаш и ќе ги знае, но често нема да ги знае и така настанува недоразбирање.

Затоа експертите советуваат, за да имате успешна врска, да избегнувате да правите претпоставки и јасно да го кажете она што вие го мислите, но и да го прашате партнерот кои се неговите/нејзините ставови во врска со нешто. Така ќе избегнете да погрешите и да настане караница.

Write A Comment