Celebrity

Забрането рекламирање на „испегланата“ Бонд!

Забранета е рекламата со актерката Рејчел Вајс поради претерана употреба на Фотошоп.

„Госпоѓа Бонд“ ја рекламира кремата „L’Oreal revitalift repair 10“ која наводно „ги пегла“ брчките. Очигледно, некој од тимот на „L’Oreal“ толку многу се занесол, па претерал со „пеглањето“ на Рејчел во Фотошоп. На сликите таа изгледа како тинејџерка без ниедна брчка.

–          Сликата е правена во Фотошоп без никакви граници и како да не го покажува лицето на актерката која сите добро ја знаеме, – пишува во соопштението на британската Канцеларија за стандарди на рекламирањето (АЅА), која воедно и го забранила рекламирањето на оваа реклама.

Вајс (41) минатата година се омажи за Даниел Крег, а тој моментално го снима најновиот дел од серијалот за тајниот агент 007.

Напиши коментар