After Midnight

Зацврстете ја врската на далечина!

Одржување на врската кога сте оддалечени не е едноставно и бара навистина многу работа и пожртвуваност, но тоа не значи дека не може да успее.

За да биде врската на далечина успешна, најпрво мора да ги дефинирате вашите очекувања, односно дали сакате сериозна моногамна врска или пак сакате да бидете отворени и кон други луѓе. Важно е отворено да разговарате и да кажете што сакате, но и да го сослушате партнерот.

Разговарајте за иднината на врската, за вашите опции. Важно е да знаете колку долго ќе бидете разделени и дали некој од вас ќе мора да се сели за да бидете заедно.

Комуникацијата е важна за опстанок на ваквите врски. Никој не сака да се придржува на строг распоред, но одреден распоред е потребен за да ја одржите комуникацијата. Наместо да се јавувате еден на друг постојано кога сакате, одредете време кога ќе се чуете. Можеби партнерот не е во можност да се јави баш кога вие сакате.

Иако комуникацијата е важна, ништо не е подобро од физички допир. Затоа е важно да планирате посети кога тоа е можно, и тоа да се потрудите времето кое ќе го поминете заедно да биде квалитетно и забавно. Правете нешто што и двајцата ве прави среќни и кое ве зближува.

Секако, за да опстане врската на далечина потребна е доверба. Без доверба овие врски, како и сите останати, се осудени на пропаст. Доколку не си верувате еден на друг ќе поминете многу часови во расправии, без оглед на фактот дека се сакате и сакате да бидете заедно. Затоа потрудете се довербата да ја задржите еден во друг, затоа што само тоа е клучот на успехот.

 

Напиши коментар