After Midnight

Заљубеност и вистинска љубов – голема е разликата

Како да се разликува заљубеноста од вистинската љубов, и што е потребно за таа да потаре? Кога сме заљубени “пловиме” во тестостерон, естроген, допамин, норепинефин, серотонин и окситоцин.

Заљубеноста е само една фаза на нерамнотежа на сите овие хормони. Кај заљубеноста се лачат големи количини на овие хормони, се јавува неописиво чусвтство… со многу различни симптоми како што се губење на апетитот, несоница… Тогаш настануваат хемиски нерамнотежи кои се наречени заљубеност, а тоа може да потрае најмногу од една до три години.

Во овој период се прави проекција за идеали за личноста, па ретко се случува некој со комплетно “отворени очи” да ја анализира саканата личност. Токму тоа е и причината за разочарување и неисполнување на очекуваното.

Дури откако ќе помине оваа фаза на заљубеност може реално да се прави стабилен темел за градење на вистинска љубов, во спротивно разочарувањата може да бидат големи.

Напиши коментар