Сексот во темно може да биде романтичен и поедноставен, тогаш сите маани се избришани, но ако си навистина храбар ќе го запалиш светлото. Поголем дел од мажите попрво би воделе љубов на светло со жена која има маани, отколку во темно со совршена жена.
Сексот е визуелно доживување
Доприрот под прстите е едно, а ако тоа можеш и да го видиш, да ја гледаш реакцијата на партнерот ќе имате сосема поинакво сексуално доживување.
Ја зголемува интимноста
Ако можеш да го гледаш партнерот во очи додека уживате во сексот, ќе постигнете поголемо ниво на интимност, ќе имате поинакво доживување за сексот.
Полесно е
Ловењето во темно може и да биде малку напорно, запали го светлото и види го она што сакаш да го видиш.
Доверба
Ако на некого му дозволиш да те види на светло, без облека покажуваш дека имаш доверба во него. А на секоја врска за да успее и треба довербата.
Доживување
Рековме на почетокот, поголем број од мажите сакаат да водат љубов на светло со жена која има маани, отколку со совршена жена во темно. Се е во главата, ако успееш да го победиш гласот во твојата глава кој вели дека мораш да се срамиш од своето тело, и двајцата ќе уживате повеќе.
