Free zone

Запознајте ја жената сирена која нурка заедно со делфините, китовите и морските кучиња

Австралиската актерка и модел Hannah Fraser уште како мала сонувала дека еден ден ќе стане сирена. Желбата и се оствари зошто таа денес плива заедно со делфините, китовите и морските кучиња со желба да помогне да опстои морскиот свет.

Таа од мала им се воодушевувала на морските сирени, па својата прва облека со перка на сирена ја набавила кога имала само девет години.

Иако на сите им изгледала чудно нејзината желба, сепак таа не погрешила што не се откажала од сонот. Во скоро време ќе се снима филм за нејзиниот живот, а со сопругот ја објавила и книгата за деца “Сурфер и сирена”.

Напиши коментар