After Midnight

Заради оргазамот одиме поинаку?

Белгиските научници откриле дека жените кои редовно доживуваат оргазам  при сексот одат поинаку.

Во оваа студија учествувале многу жени поделени во две групи. Една група ја сочинувале жени кои доживуваат оргазам со мастурбација, а другата група ја сочинувале жени кои доживуваат оргазам при секс.

Жените биле снимани додека се движат, а потоа снимките биле испратени на анализа. Од резултатите било востановено дека жените кои доживуваат редовно оргазам при секс одат посамоуверено, поживо и повеќе ги движат колковите.

Резултатите го покажале очекуваното, велат научниците. Тие сметаат дека во оргазамот се уклучуваат сите мускули, се спречува стресот и се добива енергија. Сето тоа ќе го забележите при одот на жената, само анализирајте 🙂

Напиши коментар