After Midnight

Зашто е сексот добар за жените!

Мажите би требало да водат грижа за редовниот секс на нивната партнерка, доколку навистина ја сакаат. Не само што ќе уживаат туку и нивната поубава половина ќе биде поенергична, посигурна, здрава и пред се среќна. А среќна жена значи среќен и хармоничен живот.

Зошто е тоа така…?

Ако некогаш сте помислиле дека мажите сакаат секс од сопствени потреби – ГРЕШИТЕ. Тие тоа го прават заради здравјето на жената.

Dejv Golokov, новинар на машкиот портал AskMen, советува на кој начин да ја примамите поубавата половина во кревет. Тоа е толку едноставно, тоа е добро за нејзиното здравје!!!

Истражувањето објавено во The Journal of Sexual Medicine укажува на фактот дека жените кои имаат секс 2 пати месечно почесто се болни од оние кои имаат редовни и почести оргазами.

Уште едно истражување кое доаѓа од универзитетот Monaš, спроведено до Женската организација за здравје, покажало дека жените кои имаат поголем број на оргазми во текот на месецот имаат и поголема животна енергија, имаат подобро психофизичко здравје и се поуспешни во работата.

На мажите битно им е чувството после сексот, за жените пресуден момент е врвот во сексуалната игра – оргазмот. Тој факт доведува до заклучок дека доколку жената не доживее оргазам во текот на сексот е исто како да немале секс, вели Miranda Knols извршен директор на истражувањето.

Напиши коментар