After Midnight

Зашто сеуште си сама ??? Математички доказ !!!

Во 1999. Година научникот Tristan Miller дошол до заклучок дека никогаш нема да може да си најде девојка. Овој гение со извесна доза на хумор одлучил да направи математичка анализа со која би им докажал на сите дека е во право. Заклучокот бил многу едноставен: математиката ни во еден случај не ни оди во прилог бидејќи Miller дошол до соодносот од 1: 18,726 во корист на пронаогање на „онаа вистинската“. Погледни ја поедноставената верзија на неговата логика со разлика што овој пат во обѕир го земаме машкиот род, со претпоставка на изедначениот број меѓу мажите и жените:

Бројот  на населението на планетата: 5,592,830,000

Бројот на мажите на планетата: 2,941,118,000

Бројот на мажите во развиените земји: 605,601,000

Бројот на мажите во развиените земји, на возраст од 18 – 25 години: 65,299,083

Бројот на мажите кои по својот изглед се над просекот: 1,487,838

Бројот на мажи кои не само што се згодни, туку се и натпросечно интелигентни:236,053

Бројот на мажи кои во исто време се и самци ( со претпоставка да се работи за размер 50:50): 118,027

Број на заинтересирани мажи: 18,726

Заклучок:

Кога секоја недела би одела на слепо на состанок со друг дечко, веројатно е дека би се изначекала околу 67 години пред да го запознаеш мажот од своите соништа.

Што би требало да преземеш во врска со тоа прашање?

1.Почни да излегуваш уште додека си многу млада.

2.Да ја проколнуваш судбината бидејки ти направила статистичка стапица.

3.Едноставно опушти се.

Тристановата анализа докажува дека потрагата по совршениот партнер е залудна. Ако си навистина упорна во потрагата по некој кој е на врвот од тие проценти, веројатно е дека ќе треба да потрошиш 67 години од својот живот за да на крајот дознаеш колку е тешко да се најде партнер со тој список од доблести кои си ги поставила пред себе. Освен тоа, недостатоците го прават животот поинтересен. Сети се само на познатата изрека:„Светот не би бил совршен кога би бил совршен“. Несовршена личност всушност би можела да биде сосем совршена за тебе.

Напиши коментар