Во книгата со наслов „Gone Till November“која ја пишува Лил Вејнсе опишуваат осумте месеци поминати в затвор.
Во книгата која Вејн планира да ја објави ќе бидат опишани сите негови доживувања зад решетките, како ретките пријатни, така и оние лошите случки.
Лил Вејн ја отслужувал казната откако бил осуден за нелегално поседување оружје. Еден дел од казната ја поминал во самица, бидејќи затворската служба открила дека тој поседува МП3 плеер и слушалки, што е забрането во затворот.
По излегувањето од затвор, Лил Вејн го објави албумот „Tha Carter IV“ кој дебитираше на прво место на листата на албуми и беше продаден во милион примероци.