За да дознаете во каква состојба е вашата коса, направете едноставен тест. Ставете влакно од вашата коса во чаша вода, ако влакното плива на површина, косата е здрава, ако потоне сува е и потребно и е нега. Честа причина за тенка коса е недостиг од железо во организмот. Поради тоа зголемете го внесувањето железо во организмот. Иако месото е најдобриот извор на железо 30% потекнува од другите намирници, како што се лебот, житарките и зелениот лиснат зеленчук. За организмот подобро да ги апсорбира минералите од овие намирници, потребно е да се консумираат заедно со витамин Ц. За здравјето на косата потребно е и да се внесува доволно количество на течност. Ако влакната се суви тоа значи дека има недостиг од омега 3 киселини и цинк. Тоа ќе го најдете во масните риби – туна, скуша и сардина. Многу важен витамин за нашата коса е витаминот А. Долготраен недостиг од овој витамин може да доведе до губење на косата. Јадете црвено, жолто и портокалово овошје и зеленчук.
