Крис Килам, познатиот ловец на лекови и познат професор направи едно големо испитување на зеленото кафе. По долги и обемни истражувања тој дошол до заклучок дека зелените зрнца кафе имаат силно дејство за слабеење.
Во своето истражување тој вклучил голема група на луѓе кои ги следел 60 дена. На едната група волонтери им било давано по 400 мг зелено кафе секој ден, изгубиле 5,7% од својата вкупна телесна тежина. За разлика од нив другата група не го доживеала тој успех.
Ова е добра вест за сите љубители на кафето, а ги има многу ширум светот. Зеленото кафе содржи антиоксиданси и хлорогена киселина, состојки кои се заслужни за помошта во контролата на тежината. Делуваат така што го успоруваат производството на глукоза во телото по оброкот, поттикнувајќи одредени ензими кои ја подобруваат функцијата на црниот дроб, а со тоа ги согоруваат мастите. Тоа значи дека добивате зелено светло за зеленото кафе по оброкот, ако сакате да го забрзате процесот на согорување на мастите и забрзано варење на храната. Затоа пијте по една шолја еспресо по јадењето.
