Free zone

Згрешивте? Како сега да ви простат? Еве некој предлог

Ситните грешки може да остават поголема трага, па да морате да се извините. Но, како да го направите тоа а да биде успешно? Можеби може да ви помогне нешто од ова:

Извинување со доза на хумор

Ова нема да успее ако станува збор за голема грешка, може само да направите да биде полошо. Но, може да ви помогне при ситните грешки.

Извинување со емоции

Замислете го налошото сценарио. Вашата девојка ве остава и сами одите бесцелно по улиците и се каете за грешките. Што би и кажале тогаш за да ја вратите. Епа токму тоа кажете го пред да се случи најлошото.

Извинување со ветување дека никогаш нема да се повтори

Ветувањето дека никогаш нема да се повтори грешката мора да биде искрено. Имајте на ум дека жените може да ја направат разликата од искрено и лажно.

Извинување со понуда да надокнадите

Зависно од грешката, може да понудите надокнада за грешката. Направете го она што знаете дека најмногу ќе ја расположи.

Извинување со предлог за казна

Ова е најектремниот случај на грешка. Тогаш тоа значи дека самите си ја пресудувате казната. Но, ова е добар трик за таа да помисли дека навистина се каете за стореното и спремни сте на се за да ја задржите.

Напиши коментар