Иако кажуваат дека љубовта е слепа, постојат особини кои и тоа како ги воочуваат , и кои на жените ни најмалку не им се прилог.
Објавени се резултати од истражувања на италијански научници кои дошле до сознанија за карактеристиките на жените од кои вртоглаво бегаат мажите. Во истражунањата учествувале повеќе од 4000 Европјани, и еве кои жени ги наведоа како најнепожелни:
Несреќните жени
Во оваа категорија, се наоѓаат оние жени, кои воглавно се секогаш лошо расположени, незадоволни од сопствениот живот и ситуациите околу себе па, времето главно го користат во приговарање и жалби.

Жени оптеретени со килограмите
Ова второ место го завземаат жени чија главна преокупација се вишокот килограми и пронаоѓањето на идеалната диета со која конечно ќе ја дотераат во ред својата линија.
Кариеристките
На оваа листа не се жените кои работат и кои се самостални, овде станува збор за оние жени на кои кариерата им е на првото место, дури и пред потребите на семејството.
Жените кои не ги почитуваат родителите на партнерот
Тука испитаниците ги наведоа оние жени како не пожелни, кои не се наклонети кон родителите на партнерот и кои отворено му приговараат на партнерот и се трудат да го свртат против нив.

Жени кои знаат се
На петто место спаќаат жените кои сегогаш се знаат и не престануваат да делат совети и лекции кон сите околу, вклучувајки го и партнерот.
