Вистинската жена не трча по среќата. Таа воопшто по ништо не трча. Трчањето по среќата или било што друго е најпопуларниот и воедно најглупавиот вид спорт. Вистинската жена не се занимава со ваква активност. Не очекува вистинскиот живот да и почне кога…(кога најпосле ќе ослабне, кога ќе го сретне принцот, кога ќе се случи ова или она и.т.н.)
Да си жена е вистинска привилегија и таа тоа го знае. Таа ја култивира во себе женственоста на сите нивоа: внатрешно(чувства и мисли) и надворешно (тело, стил и однесување).
Таа живее со сопствено темпо и свој уникатен ритам. Кога живеете премногу бавно имате чувство дека тоа не е живот. Кога живеете премногу брзо, не успавате да го почувствувате. Вистинската жена живее така за да може да прави што сака, без притоа да го губи вкусот на животот.
Вистинската жена се поставува секогаш себе си на прво место. И тоа не значи дека е егоист, бездушна, равнодушна или цинична. Таа не вели да, ако срцето и вели не. И секогаш се слуша себе си и се доверува основно на своите чувства и својата силна интуиција.
Вистинската жена не плаќа данок – „општествено мислење“. За неа не важат правилата: омажена-неомажена, нормално-ненормално, сама-во врска, како сите-не како сите. Таа многу добро знае дека мисијата да им се допаднеш на сите е невозможна мисија. Таа знае дека животот е само еден и дека треба да го живееме според сопствените правила на игра, а не нечии туѓи. И дека ништо на никого не должиме.
Вистинската жена не се бори тврдоглаво со препреките во животот, таа знае остроумно да ги заобиколи. Таа се ослонува не на силата туку на својата флексибилност.
Осаменоста не е казна, тоа е подарок за вистинската жена. Периодите на осаменост, а има и такви, таа ги цени и ги сака. Таа не се стреми да внесе во својот живот случајни непознати мажи, само и само да не остане на само со себе си. Таа многу добро ја знае својата цена и ќе припаѓа само на оној што ќе ги согледа нејзините вредности и квалитети.
Таа ги сака своите години и не ги крие. Таа философија е оправдување за оние кои ги користат годините како параван на своите стравови и комплекси. Таа не се стреми да изгледа како 20-ет годишна девица и воопшто не се обидува да залажува некого со тоа. Таа знае дека секоја возраст има своја убавина, сексуалност и шарм.
Таа знае дека во животот треба да си играч, а не играчка. И дека животот не е да чекаш бурата да престане, туку да научиш да танцуваш по дождот.
