After Midnight

Жените сакаат секс, а мажите сакаат да се милуваат !!! ???

Едно истражување го урна митот за тоа  што мажите и жените го сакаат во врските. Иако се сметаше дека мажите после сексот само сакале да се свртат на страна и да заспијат, а жените и понатаму да се галат и разменуват нежност, покажало дека сепак вистинската состојба е сепак многу поинаква.

Испитувањето е спроведено врз повеќе од 1000 парови во пет држави и открило дека жените во подолгите  врски се позаинтересирани за секс, додека мажите повеќе уживаат во нежните допири.

Додека мажите квалитетот на својата емотивна врска ја оценувале во зависност од здравјето, физичката интимност и сексуалноста на нивниот однос, повеќето жени рекле дека квалитетот на врската зависи исклучиво од сексуалното задоволство на партнерот.

Причините за таквите резултати, истражувачите  ги гледаат во фактот што мажите и жените имаат различни потреби на почетокот на врската. Додека мажите на почетокот на врската се однесуваат како „мачо“ типови, тој став подоцна се менува и кога ќе ја почувствуват емотивната поврзаност со партнерката ја покажуваат и понежната страна на нивната личност.

Од друга страна пак, жените на почетокот од врската ја истакнуваат својата емотивна страна и тогаш им е потребна нежност како би се поврзале повеќе со партнерот. Жените никогаш го немале проблемот со изразување на својата емотивност, па по одреден период од врската сакаат да ја нагласат својата сексуалност.

Напиши коментар