After Midnight

Жените се посреќни од мажите !!!

По критериумите за здравје, друштвеност, образование и рамнотежа помеѓу куќата и работата, жените се посреќен пол, бидејќи мажите се почесто под стрес и умираат помлади…

Мажите и понатаму работат подолго од жените и за истата работа се подобро платени, но почесто се изложени на опасности и имаат крајно очекуван животен век, потврдува истражувањето на Организацијата за економска соработка и развој ( OECD ), спроведено во 34 земји…

Истражувањата покажуваат дека жените во просек поминуваат 279 минути на ден, вршејќи домашни работи и грижејќи се за децата или старите, додека мажите тоа го прават, поминувајќи 131 минута на ден.

Три пати е поголема веројатноста дека мажите ќе бидат убиени и за 15% се поголеми можностите дека ќе бидат нападнати или ограбени. Иако мажите се за нешто подобри со здравјето во помладите години, во просек живеат за шест години пократко од жената…

Една од големите предности на жената е развиената друштвена мрежа, големиот број луѓе со кои доаѓаат во контакт, како и фактот дека се пообразовани од мажите.

Иако е поверојатно дека ќе умрат посиромашни од мажите, жените се помалку осамени и се помалку изложени на стрес, објаснуваат истражувачите.

Напиши коментар