After Midnight

Жените се програмирани да ги клеветат своите сопернички

Жените самите на себе се најголеми непријатели – а за се е виновна еволуцијата!

Новата студија за конкуренцијата меѓу жените укажува на тоа дека озборувањето и клеветењето всушност е условено од еволуцијата и дека дамите, едноставно, се програмирани така да се однесуваат.

Во весникот „ Агресивни однесувања“ е објавена студија на психолози од два канадски универзитети кои надгледувале како група од хетеросексуални жени реагира на други жени кои се облечени конзервативно или секси.

Неверојатно но повеќе од 95 отсто жени ги осудиле жените кои биле провокативно облечени ( кусо здолниште, високи чизми и деколте ), а не им сметале тие кои биле облечени во панталони и маица.

Коментарите биле од типот: „ Ова се облекла како да планира да  има секс со професорот“ или  „ Леле… само уште малку па да и излезат градите од блузата!“ . Одмерувајќи ги соперничките од глава до петици, штом ја напуштале просторијата почнувале со хистерично смеење.

Но научниците веруваат дека за се е виновна еволуцијата. Женките кои се ставаат на располагање за секс без обѕир на возраста,  ја компромитираат  позицијата на останатите во групата. Затоа, во интерес на групата е да ги казни.

– Жените не можат да толерираат кога некој дава нешто „бесплатно“. Живееме во современ контекст, но функционираме со застарен мозок. „Имаме инстинктивен одговор на личностите кои им се противат на општествените конвенции  на начин кој ја загрозува групата “ – рекла  Trejsi Vailankort  коавторка на студијата.

Научниците го потврдија верувањето на  мнозинството дека жените се „ посебно нетолерантни према секси поатрактивните врснички“ и затоа ја потиснуваат сексуалноста на другите жени.

Напиши коментар