Free zone

Жените сепак се поискрени и поморални од мажите

Едно истражување на “моралниот DNK тест” покажа дека жените се поискрени од мажите, а најискрени се жените постари од 30 години.

Испитувањето опфатило 60.000 луѓе од 200 земји, а се мерела моралната искреност кај сите тие луѓе. Испитаниците морале да одговараат на различни прашања за својата работа и за приватниот живот, а своите одговори ги темелеле на тоа што другите мислат за нив.

На крајот од тестирањето, секој од испитаниците го сместиле во еден од шестте типови на личности: филозоф, ангел, учител, судија, чувар или лидер.

Резултатите покажале дека жените се многу поискрени, дека при донесување на секоја одлука се водат и од тоа како ќе им биде на другите со нивната одлука.

Напиши коментар