After Midnight

Женската интуиција никогаш не греши за неверните мажи

Женската интуиција многу точно и правилно ги насочува дамите кога се сомневаат дека нивниот сакан ги изневерува.  Кога жената почне да се сомнева дека партнерот се изменил со сомнително однесување, во 85% од случаите таа е во право.  Кај мажите процентите се само 50%…

Освен тоа од оваа студија научивме уште неколку љубопитни факти. Џон Краучер е авторот на студијата и тврди дека за да изгледа мажот привлечно во очите на понежниот пол треба да носи облека во црвена боја и да разговара со друга жена или уште подобро со две. Од друга страна за мажите привлечни се жените кои стојат сами.

Изненадува и фактот што речиси 70% од жените не би се омажиле со сегашниот партнер, ако пред брак го знаеле она што го научиле покасно. Само 39% од луѓето изјавуваат дека ја нашле својата сродна душа. 21% од испитаниците во почетокот верувале дека го откриле идеалниот партнер, но покасно разбрале дека се работи за погрешна представа.

И како за крај на ова интересно истражување би додале дека над 50% од мажите би лажеле ако им го зададеме прашањето: „Изгледам ли дебело во овој фустан?“

Напиши коментар