Многу жени, па дури и тогаш кога изгледаат самоуверено, чувствуваат одредени стравови па затоа се несигурни, особено кога во прашање е маж, врската со него, излегување и планирање на иднината. Еве кои се тие стравови и сомнежи поради кои жените се чувствуваат несигурни.
Дали ќе ме побара пак
Ако мажот ветил дека ќе ја побара во четврток, тогаш мора да е тоа во четврток, бидејќи женската доверба се стекнува на основа на ваквите ветувања. Ако не сте во состојба да го исполните ветувањето, не го ни давајте. Само речете: „Ќе те побарам“. Подобро така отколку да ја натерате залудно да чека повик на денот кога сте рекле дека ќе ја побарате.
Тој сака само секс
За мажите е тешко добро да одиграат на ова прашање. Ако пребрзо и дадете до знаење дека сакате да спиете со неа, тогаш ќе мисли дека е единствената работа што ја сакате. Ако предолго чекате, ќе мисли дека не е привлечна. Таа ќе ви даде до знаење кога е подготвена за следното ниво.
Не сум му интересна
Дури и оние жени кои немаат проблем со самодовербата, понекогаш се прашуваат: Дали е доволно заинтересиран за мене? Затоа, ако сте заинтересирани, треба тоа и да го покажете.
Сигурно ќе ме изневери
Ако жената се сомнева во верноста на својот маж, тогаш тој мора да се запраша зошто е тоа така. Можеби и дал повод така да мисли. Или пак жената едноставно е загрижена без причина. Во секој случај, искрен и отворен разговор секогаш е непходен.
Го задоволувам ли
Ако во спалната соба се оди по планот, тогаш нема потреба за грижа. Но, ако мажот е незадоволен од некоја причина, треба да и каже на својата партнерка за тоа. Овие ситуации мора да се решат, инаку проблемот некој од нив ќе го однесе во туѓ кревет.