Да…Токму боите се се пресудни за сексипилот кај една жена да се подигне, без оглед на тенот и бојата на коса… Погледнете кои се…
Вистинска црвена боја
Во овој случај вреди фамозната изјава на дизајнерот Bill Blass кој рекол: “Доколку сте во дилема, облечете црвено“.
Не само што црвената боја го закочува сообраќајот, туку и на секоја жена ѝ ја овозможува посакуваната предност (во буквална смисла, бидејќи и истражувањето на англискиот Универзитет Дарум, покажало дека кај атлетските натпреварувања поголема шанса за победа имале оние кои носеле црвени дресови).
Сина боја
Фактот што јагодите изгледаат толку добро кога се спакувани во зелени кутии е тоа што боите на спротивните страни на спектарот се зајакнуваат еден со друг. Затоа не е изненадувачки што сино-зелената боја, која совршено одговара со розевата боја, и го дава здравиот изглед на кожата. Притоа многу поприлагодлива е од светлата, летна тиркизна боја. Затоа одлично се комбинира со црна, кафеава и други неутрални бои.
Валкано – розова боја
Навистина ни оние е жал за љубителките на фустаните со боја која наликува на детските мастики за џвакање, бидејќи постои една специфична боја и делува попрефинето, а тоа е валкано розевата боја. Тоа е бојата на спектарот на бои помеѓу светло-розевата и праска боја, а делува повеќе како неутрална отколку пастелна.
Таа боја ја истакнува природната свежина на лицето, така што секој кој ќе ја носи ќе остави сјаен впечаток. Козметичарите на сите своие клиенти им препорачуваат со оваа боја на облека да носат и слична нијанса на кармин.
Боја на модар патлиџан
Оваа боја е совршена виолетова боја, бидејќи е прилагодлива, исто како и црната, темно-кафеавата или морнарско сината.
