After Midnight

Златни брачни совети од далечната 1933-та

Денес е многу вообичаено да слушнете „Пред бракот мора да пробате да живеете заедно„ или пак „ Што ќе се женам/мажам кога бракот е само парче хартија„. Ова се неколку совети за среќен брак, кои се пронајдени во старите изданија на магазинот Reading Eagle од 1933-та година.

Што подолго трае додворувањето, толку подолго ќе трае брачната среќа

Денес се се случува многу набрзина. Се запознаваат, веднаш започнуваат врска и интимни односи, а за само неколку дена и помислуваат на заедничко живеење. Во минатото тоа не било баш така. За да и пријде еден маж на една жена требало многу. Најпрво имало скриени погледи, случајни средби, симпатични додворувања, испраќање на цвеќе и љубовни писма. За да дојде до брак, мажот ја барал раката на девојката од нејзиниот татко, но сето тоа со многу обичаи.

Се што е помалку од една година  врска ја намалува брачната среќа

За успешен брак потребно е добро познавање на партнерите. Во минатото се практикувало тие обро да се запознаат, да бидат во контакт што подолго, да знаат се за себе и своите семејства… што сега и не е пракса.

Советот од тато вреди злато

Во минатото најмногу се почитувало мислењето на таткото. Ако тој се сложи и даде благослов за бракот тој ќе биде успешен.

Мајките не се слушале

Мајките не знаат да го дадат вистинскиот совет за бракот, така стои во еден од текстовите на овој магазин. Тие се водат од срцето, а не со разумот. Денес пак, е сосема поинаку.

Напиши коментар