After Midnight

Златни правила на Далај Лама за среќен живот

Мудриот Далај Лама знае како да живее среќно. Своето богато духовно искуство го има претворено во 18 најважните правила за подобар, посреќен и поисполнет живот.

Познатиот борец за мир, нобеловецот Далај Лама, сигурно е лице чии животни совети треба да се послушаат. Меѓу многуте негови дела има објавено и осумнаесет и правила за успешен и среќен живот кои можат во животот успешно да ги применат сите луѓе без разлика на која религија и припаѓаат.

 Златни правила на Далај Лама:

1. Не заборавајте дека големата љубов и големите достигнувања во себе мора да вклучат и голем ризик.

 

2. Во животот не можете секогаш да победите, но многу важно да се научи и лекцијата од поразот.

 

3. Следете го правилото “3П”: Почитување на себе си, Почитување на другите, Преземање на одговорност за своите постапки.

 

4. Понекогаш најдоброто нешто што може да ви се случи е да не го добиете она што го сакате.

 

5. Добро научете ги правилата за да знаете добро да ги прекршите.

 

6. Не дозволувајте им на малите несогласувања да наштетат на големо пријателство.

 

7. Кога ќе сфатите дека не сте во право, веднаш направете сé за да се поправи грешката.

 

8. Секој ден одвојувајте барем малку време за себе.

 

9. Не плашете се да пробате нешто ново, но не го напуштајте сопствениот систем на вредности.

 

10. Молчењето е понекогаш најгласниот одговор.

 

11. Живејте добар и чесен живот. На овој начин кога ќе подостарете и ќе почнете да размислувате за својот живот, ќе имате можност  да уживате во него по втор пат.

 

12. Атмосферата полна со љубов во вашиот дом е основата на вашиот живот.

 

13. Во несогласувањата со најблиските зборувајте само за моменталната ситуација. Никогаш не се повикувајте на минатото.

 

14. Учете и споделувајте го своето знаење со другите. Ова е единствениот начин да станете вистински бесмртни.

 

15. Пазете ја од Мајката Природа.

 

16. Одете еднаш годишно на место каде никогаш не сте биле порано.

 

17. Запомнете дека најдобар однос е оној каде што вашата љубов еден за друг е посилна од потребата за еден на друг.

 

18. Проценете го сопствениот успех во однос она од кое треба да се откажете за да го постигнете тоа.

 

Едноставно, зарем не?

Напиши коментар