Прекинот на врската често знае да биде тежок и да направи да се чувствуваме како светот да се свртел наопаку. Во тие моменти ви се чини дека никогаш нема да ја преболете бившата, но со текот на времето и тоа ќе се промени.
Процесот на заборавање не е воопшто брз, но секој напредок е добар. Ова се некои од знаците кои покажуваат дека навистина сте ја преболеле:
Не го проверувате телефонот 30 пати во денот за да видите дали има некоја порака.
Помина скоро цел ден, а вие не помисливте на неа.
Престанавте секој тажен стих од некоја песна да ја поврзувате со неа.
Ви се вратил апетитот.
Повторно сакате да изгледате убаво. По прекинот на врската воопшто не ви беше важно како изгледате и како се појавувате во јавност. Но, сега повторно сакате да изгледате привлечно, сакате нова гардероба… тоа е дефинитивно добар знак.
Повторно почнавте да ги приметувате жените околу себе.
