After Midnight

Знаци кои откриваат дека го привлекувате

Без разлика каде го гледате, во кафуле, продавница или на работа, сигурно се прашувате дали му се допаѓате, како што тој ви се допаѓа вам. Иако ви изгледа дека одговорот на ова прашање тешко ќе го дознаете, сепак, одговорот лежи во говорот на телото. Мажите едноставно се “програмирани“преку телото да ви даваат мали знаци и сигнали доколку им се допаѓате.

Подигнати веѓи

Кога ќе забележиме некој интересен, нашите веѓи несвесно се подигаат и спуштаат. Тоа мало, речиси незабележително движење открива многу. Доколку му се допаѓате, неговите веѓи ќе се подигнат за кратко, само неколку секунди.

Отворена уста

Доколку му се допаѓа тоа што го гледа, неговите усни автоматски ќе се отворат во моментот кога ќе ви се сретнат погледите.

Раширени ноздри

Подигнати веѓи, отворена уста и раширени ноздри на лицето му даваат “отворен“ изглед кој праќа порака “ми се допаѓаш“.

Привлекување внимание

Во зависност од неговиот карактер, тој ќе се обиде на различни начини да ти го привлече вниманието. Ако е мирен тип, ќе се обиде со речиси незабележителен гест како поправање на краватата, додека пак друг тип би можел да се претвори во кловн. Секое движење кое ќе го направи ќе биде со цел да се издвои од групата за да го забележиш.

Местење на краватата

Со овој гест мажите праќаат порака “сакам да изгледам добро за тебе“, а истата работа ја прават и жените кога го поправаат карминот на усните.

Поправање на фризурата

Во зависност од тоа каква фризура има, мажот ќе се обиде да ја потсреди и да изгледа што подобро, а тоа го прави многу почесто отколку што мислите. Следниот пат кога ќе одите на состанок со него и кога ќе се приближите до тоалетот, погледнете го и ќе видите како веднаш ја поправа фризурата.

Исправено држење

За да се покаже во што подобро светло, тој ќе настојува да се држи исправено и да ги истакне своите мускули.

Ќе ви дозволи да видите како ве гледа од глава до пети

Со погледот ќе шета по вашето тело, задржувајќи се на најинтересните делови. Но немојте да се залажувате, тој го “измерил“ вашето тело уште на првиот поглед, само сега ви дозволува да видите како ве мерка за да ви покаже дека тоа што го гледа му се допаѓа.

Рака на колк

Во оваа позиција мажот делува самоуверено, а раката на колковите ја нагласува неговата физичка големина. Луѓето се склони преку несвесни движења да ги нагласуваат своите најпривлечни делови од телото.

Играње со копчињата

Непрекинатото откопчување и закопчување на копчињата на палтото открива мала доза на нервоза поради прикриената желба да ја соблече облеката.

Допирање на лицето

Доколку е заинтересиран, додека гледа во вас ќе го допира своето лице, ушите или ќе ја трие брадата. Овие движења се знак на малку нервозно возбудување. Кога некој ни се допаѓа, нашата кожа станува чувствителна на допир и стимулација.

Додека ви објаснува, ви ја става раката на лактот или грбот

Овој гест не е само вид на убаво однесување, пораката е “ не сакам да те изгубам“. Сака да ви покаже дека се грижи за вас и дека никој друг не ви е потребен.

Ви го позајмува капутот

Позајмувањето на капутот или јакната е секси и заштитнички гест. Со тоа ви праќа порака „она што е мое е и твое“, а му се допаѓа и вашиот мирис што ќе остане на облеката. Покрај тоа, ако ви ја позајми својата јакна, секако еден ден ќе треба да се врати по неа.

Напиши коментар