After Midnight

Знаци кои укажуваат дека сеуште ја сака бившата

Потполно сте задоволни со врската, се додека не дознаете дека, вашиот партнер неодамна прекинал со девојката. Станувате сомничави бидејки не сте сигурни дека успеал да ја преболи во така краток временски период. Ако не сте сигурни дали сеуште мисли на бившата , би требало да обратите внимание на неговиот однос. Ви откриваме неколку ситуации кои ќе ви помогнат да откриете дали сеуште живее во минатото.

Премногу е загреан за врската. Константно нагласува како се согласувате одлично, како врската одлично ви функционира и дека ќе успее, а се знаете само месец дена.

И понатаму излегува со друштвото во кое се движи неговата бивша. Излегува на забави на кои и таа присуствува и не ги пропушта, а вас не ве повикува под изговор дека сигурно би ви било досадно.

Редовно ги исмева мажите со кои ја видел својата бивша. Не пропушта прилика да се шали на нивна сметка.

Често ја споменува и ја споредува со вас. Каква била, што му направила и дека вие никогаш не би му направиле такво нешто…

Вашата врска има успони и падови, кои воглавно тој ги диктира. Во  еден момент со вас се однесува прекрасно, внимателно и се функционира совршено, но наеднаш тој се менува , зема се здраво за готово, се расправа, не се јавува како порано и како да исчезнува од планетата на неколку дена…

Останува во контакт со бившата, од време на време се слушаат, а кога разговара со неа потполно се менува , всушност, се претвара во некоја друга личност, која сеуште не сте ја запознале.

Со сите бивши девојки останал во коректни односи, но единствен исклучок е таа. Кога ќе ја сретне потполно се менува, станува нерасположен и по кој знае кој пат ви објаснува дека не знае што се случило со нив…

Напиши коментар