Здраво тело

Знаете ли која храна го успорува метаболизмот?

Постојат намирници кои ја одземаат течноста од нашето тело, со што лесно може да предизвикаат дехидрација.

Доколку јадеме полномастен оброк, чувството на ситост многу брзо ќе го постигнеме во стомакот, но со таа храна ќе го забавиме процесот на варење на храната, што дополнително го оптеретуваме црниот дроб. Затоа избегнувајте храна која се пржи во многу масло. Наместо тоа одберете храна која е спремена на скара, печена со малку масло или варена.

Истиот ефект го има и солената храна, која освен тоа што го успорува метаболизмот може да предизвика и висок крвен притисок, болести на бубрегот и отоци на целото тело. Кога солта за себе ќе ја врзе водата, солената храна може да предизвика сериозно губење на водата од организмот.

Write A Comment