Celebrity

Зошто актерите го напуштаат филмот на Tarantino?

Режисерот Quentin Tarantino моментално го снима својот прв вестерн филм со наслов „Django Unchained“, а актерската екипа постојано го напушта филмскиот проект.

Последен кој се откажа од филмот за време на снимањето беше Sacha Baron Cohen, а пред него истото го сторија и Kevin Costner, Kurt Russell, Joseph Gordon-Levitt и Johan Hill. Засега на филмот остануваат: Leonardo DiCaprio, Jamie Foxx, Samuel L. Jackson, Christoph Waltz и Kerry Washington. Според продуцентите, не се ретки случаите кога актерите се откажуваат од некој филм кога тој ќе започне.

Засега не се знае која е причината што дури пет актери го напуштаат филмот. Во секој случај, тоа го успорува снимањето, а може да го стави и целиот проект под знак прашалник. Tarantino ќе оди понатаму без обѕир на сѐ.

Напиши коментар