Ви претставуваме некои факти со кои ќе Ве потсетиме и ќе Ви докажеме зошто и колку е подобро да бидеш жена !!!
Најверојатно повеќето жени, во повеќе прилики и ситуации ја имаат изговорено следнава забранета реченица: „ Да бев машко “…
Сигурно се прашувате, зошто „ забранета “ ???
Па… погленете околу себе… Дали би се откажале од сé, за три памучни маици (сина, сива и црна ), два пара фармерки, пиво, фудбал и споени веѓи ???
Погледнете ги причините зошто е подобро да си женско:
* Ние сме поубав пол
* Мажите секогаш ни се извинуваат со цвеќе и чоколадо
* Живееме подолго од мажите
*Имаме помошни адути со кои можеме да избегнеме казна за пребрзо возење или паркирање… Малку кокетирање и неколку солзички прават чуда !!!
* Последиците од бурните ноќи и лудите излегувања можеме да ги покриеме со пудра и пак да изгледаме супер.
* Имаме совршен изговор за малтретирање на мажите – ПМС
* Секогаш поминуваме поевтино на излегување отколку мажите
* Ако заборавиме да се избричиме, тоа никој не мора да го види и знае
* Секоја сезона не значи само промена на годишното време, туку и нова гардероба
* Можеме да гледаме фудбал без нервоза
*Можеме и знаеме да признаеме кога не сме во право и да се извиниме кога сме погрешиле
* Можеме да правиме сé што прават мажите, дури и на високи потпетици
* Понекогаш, чоколадото може да ги реши сите наши проблеми
*Ако се одлучиме за „ машка “ професија… Сите ќе нé сметаат за похрабри…
Девојки, жени… Сега размислете дали би сакале промена !!!
