← НАЗАД НА БОЗА

Зошто Kidman мочаше врз Zac Efron? :)

Зошто Kidman мочаше врз Zac Efron? :)
896 Читања

Најчудната сцена која е прикажана на овогодинешниот Кански фестивал е сцената од филмот „Paperboy“, во која се гледа како Оскаровката Nicole Kidman моча врз актерот Zac Efron.

По прикажувањето на филмот, режисерот Lee Daniels морал да одговори на неколку прашања.

–          Ликот кој го игра Zac го каснува медуза, а за да не го боли, треба некој да се помоча не болното место. Иако има и други жени во сцената кои брзаат да му подадат маст, одеднаш се појавува Nicole со репликата „Ако некој треба да моча врз тебе, тоа ќе бидам јас“, – изјавил режисерот.

–          Беше тешко да се сними ваква сцена. Тоа се случи на третиот ден од снимањето. Првиот ден, Nicole ја снимаше секс сцената со John Cusack, вториот ден сцената со телепатски секс во затвор и третиот со мочањето. Сакав што побрзо да ги сработиме непријатните сцени, – додава Daniels.

Сепак, филмските критичари сметаат дека ова воопшто не ѝ требало на Kidman, и дека токму поради оваа сцена актерката нема шанси за Оскар номинација.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk