After Midnight

Зошто лажеме за бројот на сексуални партнери?!

Познато е дека мажите претеруваат со бројот на бивши партнерки,а  жените реалните бројки ги намалуваат. Одговорот на тоа прашање жените со задоволство го избегнуваат.

Мажите ги пумпаат бројките на поранешните сексуални партнерки, бидејќи со тоа го полнат свето его и оставаат слика на добар и искусен маж. Додека жените зборуваат за помал број на партнери, бидејќи се плашат дека околината ќе го осудува нивното морално однесување од минатото. Дали вашата сексуална историја е навистина важна за вашиот партнер?!

Иако некои луѓе сакаат да зборуваат за бившите сексуални искуства, експертот за односи Џоан Бурние: ” Ако сте во врска, не ја предизвикувајте вашата партнерка за досегашните сексуални партнери. Споменувањето на сексуалните искуства од минатото за него може да бидат разочарувачки. Зошто тогаш да го нагласуваме минатото, кое е минато и нема врска со сегашноста и моменталниот однос. Што некој правел пред да ве запознае не е ваша работа. Се разбира тоа вреди во случај ако за време на сексот сте се заштитиле од сексуално преносливи болести.”

Навистина, луѓето поминуваат низ различни животни периоди. И бројката навистина не е важна. Многу поважно е што вашиот партнер прави во односот со вас, а не што правел во минатото. И ако навистина не сте многу млади, мора да бидете свесни дека вашата девојка или вашиот дечко во минатото веќе имале односи и други сексуални искуства. А вие?

Напиши коментар