After Midnight

Зошто мажите ги одбегнуваат убавите жени?!

Што е поубаво: да имаш убава жена или грозна? Веројатно ова прашање си го поставил секој маж, а ние жените често среќаваме такви парови каде мажот да речеме би можел да избере нешто подобро, но…Темата го привлече вниманието на нашиот тим  и решивме да откриеме што ги тера мажите да ги одбегнуваат убавите жени и да ја изберат нејзината спротивност.Факт е дека мажите се загледуваат по фаталните и провокативни убавици, но често дома ги чека некоја „обична“ незаприметлива женичка. Ако и на  вас не ви е јасно и се чудите зошто ја избрал неа, еве ги и одговорите:

Се чувствува доминантен – кога си заедно со некој поубав од тебе, почнуваш да се прашуваш дали воопшто го заслужуваш. Се плашиш дека секој момент може да те остави, а ваквите мисли се смрт за машката самодоверба. Ете зошто некои мажи избираат да бидат поубавиот дел од парот и да бидат третирани како богови.

Подобар секс – ако сте слушнале дека грозните жени се подобри во сексот, треба и да поверувате на тоа. Жена која знае дека нема некои посебни физички дарби, таа се обидува да компензира со други квалитети. Тие ги исполнуваат сите желби на мажот и нивната цел е тој да биде максимално задоволен. Кај неа не пости „не“ на тема секс.

Другите мажи не се опасност – кога до себе имаш убава жена, немаш доверба и на пријателите. Секогаш има извесна доза  сомнеж, дека некој флертува со твојата прекрасна жена. Но сега веќе можеш да бидеш мирен, грозната жена не привлекува погледи и ќе си биде само твоја.

Ќе заборавиш што е тоа љубомора – мажите се познати по својата љубомора, а некои од нив едноставно не издржуваат и ги доведува буквално до лудило.  Но кога до себе имаат жена само со „внатрешна убавина“ , немаат веќе таков проблем – бидејќи опаковката на неговата сакана не е примамлива за другите мажи.

Таа е мултифункционална – сети се за нејзните секс способности и помножи ги со сите сфери во животот. Грозната жена ја компензира својата непривлечност и тоа не само во креветот.

Убавите жени најчесто се капризни, тие се свесни за својата убавина и очекуваат мажите да ги исполнуваат сите нивни желби, возможни и невозможни. Не секој маж може да си го дозволи она што од него го бара убавата жена. Таа знае дека во секој момент може да најде друг па затоа и не се оптоварува многу со врската. Од неа не можеш да очекуваш да трча по тебе и да ги задоволува сите твои желби, бидејќи лесно може да те смени со друг ако нешто тргне наопаку. Заобиколена е со толку многу внимание, па затоа таа верува дека мажите треба да и служат, а не таа на нив. (П.С. Ова не е наше мислење, ова се одговорите  на мажи кои беа анкетирани по повод денешната тема! )

Се надеваме дека сега веќе ви е јасно зошто мажите ги одбегнуваат убавите жени…и кога ќе сретнете повторно ваков пар не чудете се зошто е тоа така, сека веќе знаете дека има добра причина или поточно причини:)

 

1 Коментар

  1. Da, i dopolnitelno lecenje na kompleksite na grdite devojki im e zgolemuvanje na kvantitetot na mazi koi gi “osvoila”, bez razlika dali e veke vo vrska ili ne. E, toa e fakt koj e nazalost, cesto izostaven, i uste pozalosno, vistinit do srz.

Напиши коментар