Дека мажите и жените се различни, не само физички , туку и психички оддамна знаеме… Знаеме и дека, кога се работи во споделувањето на чувствата и мислите, мажите и жените многу се разликуваат. Погледнете некои од причините!!!
Се плашат да не бидат повредени
Најтешко им паѓа да споделуваат дел од нивната интима, чувства, стравови, надежи, соништа. Тоа е причината зошто ја држат својата интима во тајност.
Тие се помалку емотивни од жените
Додека жените без размислување ги споделуваат своите чувства со мажите , кај спротивниот пол не е така. Тие не сакаат да ги споделуваат своите чувства , бидејки се помалку емотивни и повеќе воздржани.
Се плашат да не изгледаат како девојчиња
Понекогаш мажите мислат дека доколку и се доверат на жената, за своите надежи, стравови или тежнеења, би можеле да наликуваат на девојчиња. Токму поради тоа не сакаат да ги поделат своите тајни.
Потребно им е да се чувствуваат независно
Во природата на мажите е независноста и силата. Помислата да исфрлат се од себе, ги прави да се чувствуваат, разоружани, ранливи и слаби. Овој природен инстинкт, да останат независни, е појак од било која друга причина поради која остануваат таинствени.
Потребна им е доверба
Жената може да ја отвори својата душа било кога и е потребно, но мажот, тоа го прави само ако се чувствува доволно сигурен. Доколку и верува на жената, тој ќе може да и ја отвори својата душа, но ако не и верува, во тоа никој не ќе може да го натера.
Треба да бидат сигурни во своите чувства
Исто како и со довербата и чувствата имаат важна улога. Мора да биде сигурен во чувствата на саканата личност, а и во своите кон неа, за да може потполно да и ги признае.
Се опираат на препуштањето
Мажите повеќе отколку жените, се опираат на препуштањето во врската. Се плашат од одбивање, па поради тоа што не се сигурни дали се сакани и прифатени нема лесно да ги покажат своите чувства.
