After Midnight

Зошто не привлекуваат недостапните мажи?

Дали некогаш сте биле во ситуација да ве привлекува маж кој изгледа недостапен? Постои добра причина зошто не можете да престанете да мислите на оваа личност – несигурноста ја зголемува привлечноста.

“He loves me, he loves me not…: Несигурноста може да ја зголеми романтичната привлечност”, е името на истражувањето во кое се вклучени 47 студентки на кои им кажано дека нивните колеги од други факултети ги погледнале нивните Facebook профили, а потоа според тоа оценувале колку добро би можеле да се согласуваат.

Потоа секоја од жените ги прегледала профилите на мажите кои наводно ги гледале нивните профили. На една гупа на жени им е кажано дека нивните профили најмногу им се допаднале, на другата група им е објаснето дека нивните профили поминале просечно, додека на третата група им е кажано дека не е сигурно дали им се допаднале на мажите кои ги оценувале.

Како што можело да се очекува, жените кои добиле најдобри оцени биле подобро расположени од другите учесници во истражувањето и подобро го возвратиле вниманието кое им било посветено, за разлика од жените кои добиле просечни оцени. Но она што изненадува  е фактот дека жените кои не биле сигурни колку им се допаднале на мажите, всушност чувствувале најголема привлечност кон своите “критичари”.

Причина е тоа што мистериозните мажи го окупирале вниманието на жените и така ги навеле да помислат дека навистина се заљубени. Очигледно е дека жените се залажуваат, па затоа следен пат,  кога некој маж нема да ви посвети доволно внимание, сетет се на ова истражување и добро размислите дали тој навистинае вреден за вашето време…

Напиши коментар