Скршено срце, изгубена надеж… познато нели ???

Ја барате грешката во другите или ја барате во Вас… но на погрешно место!!!

И најчесто несвесно …

Пребрзо заклучувате

Слушате иста музика, сакате исти филмови и книги, уживате во иста храна и пијалаци… заклучивте дека се компатибилни по само 1 недела од запознавањето. Тоа често се покажува како погрешно. Тука почнува лагата за љубовта, неправилното брзо донесување одлука која после тешко се преименува, а тоа доведува до лажна надеж… “Беше добар не знам што му стана“.

Не го барајте господинот совршен

Ако сакате стабилна и цврста врска тогаш морате да барате маж кој го посакува истото… а не егоистичен самобендисан лепотан кој повеќе време поминува пред огледало. Момците кои сакаат озбилна врска не се реткост. Тие најчесто зад себе имаат досие на долги врски, кругот на пријатели им е широк и шаренолик. Егоистот никогаш не можете го смените – не се залажувајте!!!

Нестрпливост

Сигурно барем еднаш сте имале денови па дури и месеци кога ништо не Ви оди од рака. Тогаш најверојатно сте сакале да ги поправите нештата набрзина и нечесто сте се треснале сами од земја. Немојте да го правите тоа, особено кога се во прашање мажите. Во таквите моменти сте склони кон намалување на критериумите и прифаќање на нешто кое во подобри моменти не би сте го направиле. Не очајувајте затоа што се ќе дојде на свое место. За тоа време додека не иде, работете на себе си, новата љубов нема да Ви помогне туку напротив ќе Ве збуни уште повеќе. Едноставно уживајте во живото и Вашите 5 минути се на пат да стигнат… !!!

Напиши коментар