After Midnight

Зошто се плашиме од љубовта?

Иако поимот фобија свучи страшно, сепак секој од нас лесно си ја препишува или му ја дава како дијагноза на некој друг. Што се крие зад фобија од љубов?

За разлика од страв, фобија значи ирационален страв. Луѓето се плашат од последиците од она што би можело да се случи. Може да биде како последица од некое лошо искуство.

Па така е и во љубовта. Луѓето се плашат од лошите последици кога некој сакаме. Многу често се случува да бидеме повредени токму од оние кои најмногу ги сакаме. Од оние на кои безрезервно сме им се предале, и кога најмалку се очекувало сме останале предадени. Токму од тога е и стравот од љубовта. Повредените тешко забораваат. Од таа причина се плашат да започнат нова врска, да се опуштат и повторно да сакаат.

Главниот страв е дека повторно ќе се изгубат себе си, својот идентитет и контролата над себе. Овие луѓе сметаат дека заљубената личност лесно се менува и станува ирационална.

Многу луѓе пак избегнуваат да се врзат емоционално, да засакаат некоја друга личност. Оваа врста на фобија од љубов се заснова на страв од губење на емоционалната слобода.

Напиши коментар