Знаеме дека е здрав, но сте знаеле ли и дека овозможува здравствени подобрувања? Ако не, еве 5 изненадувачки факти…
Може да Ве направи повитки– Сексот согорува измеѓу 75 и 150 калории за половина час. Може да се спореди со други активности како: јога ( 114 калории за пола час), танцување (129 калории за пола час) и шетање ( 153 калории за пола час).
Може да го подобри здравјето на Вашето срце- Здрава диета, одржување на низок холестерол и калциум, се одличен начин за одржување на здравјето на Вашето срце, но сексот е вежба која го забрзува срцевиот ритам и го подобрува крвотокот. Научниците велат дека ако имате секс два или повеќе пати неделно, ризикот од срцев удар се намалува на половина.
Поубаво ќе спиете- Кога веќе чајот од камилица и останатите билки не дејствуваат, а имате проблеми со анксиозност и стрес…бидете сигурни дека со длабокото издишување како последица на оргазмот, Вие веќе имате сигурен сон
Ќе го подобрите Вашиот имун систем– Ако сте загрижени поради грип или вирус, направете нешто за појак имун систем. Студиите покажуваат дека оние кои имаат секс еднаш или два пати неделно, имаат 20 пати повеќе антитела, кои се викаат имуноглобулин. Истите го подобруваат имуниот систем.
Можете да го поправите Вашето ментално здравје– И за расположение, и за депресија и за анксиозност…Психолошки, сексот го подобрува менталното здравје така што гради интимност и го намалува нивото на хормонот кортизол, кој создава стрес. Така се намалуваат шансите и за висок крвен притисок, хипергликемија и зголемена киселина во стомакот.