Free zone

Зошто жените не ги сакаат добрите момчиња?

За да ја појасниме оваа мистерија ќе почнеме со споделување на нашите искуства и искуствата на нашите блиски пријатели и пријателки. Врз основа на овие набљудувања заклучивме дека врската, односот, бракот, што и да е секогаш функционираат добро се до моментот кога едниот не доминира. Колку се машките подобри, толку жените стануваат полоши.

Која е причината што жените секогаш кога може да бираат помеѓу добар и лош дечко тие го бираат лошиот?

Една од причините заради која мислиме дека жените го прават ова е тоа дека тие не веруваат дека всушност постојат добри момчиња. Скептични се кон секој кој е добар. Искуството од еден лош ја натерало да верува дека добрите мажи не постојат.

Жените сакаат контрола. Можеби не сите, но поголем дел од жените сакаат кога мажот ја има контролата во свои раце. Тоа прави да се чувствуваат заштитено. Нормално, ако мажот знае да ја стави границата на нормала. Се што е претерано таа ќе го сфати како притисок и тортура.

Жената сака кога се става во улога на спасител. Лошите мажи, да ги наречеме така, се мажи кои имаат несреден живот, лоши навики, куп нерешени проблеми. Кога жената ќе сретне таков маж кој физички добро изгледа таа добива предизвик да го “спаси” и да направи од него добар човек.

Секоја жена сака да се почувствува заштитена. Кога тој ќе биде груб со оние кои го заслужиле тоа, таа се чувствува заштитена. Сака кога мажот знае да го покачи тонот и кога ќе ја покаже заштитувачката страна.

Жените не сакаат предвидливост. Добрите мажи се лесно предвидливи, прилагодливи и досадни. Овие другите пак може да внесат авантура, изненадувања, бунт, и да ја разбудат врската.

Лошите мажи се посекси. За да го разберете ова ќе ве натераме да се ставите во кожата на жените. Погледнете ги овие слики од жени и тргнете од себе. Која би ја избрале вие?

Напиши коментар