After Midnight

Зошто жените не иницираат секс?

Според статистиките мажите се оние кој први го започнуваат сексот, но и голем е и бројот на оние мажи кои сакаат тој ист жар и иницијатива да ја покажат и нивните партнерки.

Несигурните мажи мислат дека причината за тоа е немањето доволно љубов кај нивната партнерка, а оние пак кои имаат премногу самодоверба мислат дека нивната партнерка сака да се доминира врз неа.

Меѓутоа прашањето е исто, зашто жените ретко или никогаш не иницираат секс?

Многу мажи често се запрашуваат дали имаат моќ да ја задоволат својата партнерка, дали таа сака подолга предигра??? … или најчеста причина зашто жените не иницираат секс е, немоќта или незнаењето на мажот да одговори позитивно на сексуалните барања на жената. Заради тоа жените често се повлекуваат како би избегнале еднострано уживање.

Никој со точност не може да одговори на тоа прашање но многумина се согласуваат дека стресното време и немањето време за себе во голем процент ја намалува желбата за секс кај жените. Огромните обврски, работното време се најчестата причина која ја убива потребата за секс кај женската популација.Според сексолозите стресното време има поблаго негативно дејство врз сексуалнта потреба кај мажите, затоа и токму тие се оние кои почесто или секогаш први иницираат секс.

Напиши коментар