After Midnight

Зошто жените сè почесто сакаат да бидат со женети мажи?

Луѓето обично го сакаат она што не можат да го имаат. Според тоа и жените сакаат мажи кои не можат да ги имаат. Тоа едноставно е во човековата природа.

Сетете се кога сте биле мали, па родителите нешто ви забранувале, а вие тоа сте го сакале уште повеќе. Забранетото овошје е најслатко. Освен што го сакаат она што не можат да го имаат, жените имаат и потреба да се натпреваруваат со други жени и да покажат дека тие се подобри. Затоа одбираат женет маж, за да покажат дека можат да заведат маж кој има жена.

Уште една причина зошто бираат женет маж е затоа што сметаат дека тој има многу повеќе да понуди бидејќи е веќе зафатен. Жените мислат дека мажите кои се веќе во брак не се плашат од врзување и обврски, па тоа дополнително им оди во прилог.

Жените не размислуваат за другата жена на мажот кој сакаат да го освојат. Тие слушнале за нив, но никогаш не ги виделе и не тврдат со сигурност дека таа жена постои.

Врските со оженет маж обично завршуваат така што тој ја напушта љубовницата и се враќа на жената. Мажите не сакаат жени кои не ги почитуваат обврските и бракот. Со тие жени се само поради забава и кога веќе нема да им бидат забавни, ги напуштаат.

Напиши коментар