Празниците се вистинскиот момент да си спомнеме зошто е важно да имаме блиски и пријатели и колку е убаво да ги споделиме среќните моменти со нив. Затоа решивме да направиме збирка од инспиративни цитати на тема љубов и да си посакаме во новата година љубовта да биде наша сопатничка каде и да одиме.
- Темнината не може да ја избрка темнината. Само светлината го може тоа. Со омраза не можеме да ја победеме омразата. Сето тоа ќе го постигнете само со љубов.
- Ја добиваме онаа љубов за која веруваме дека ја заслужуваме.
- Љубовта никогаш не умира од природна смрт. Таа умира зошто ние не знаеме како да го нахраниме нејзиниот извор. Таа умира од заслепеност, од грешки, од предавства. Умира од рани.
- Подобро да си сакал и да си ја изгубил љубовта, отколку да не си сакал воопшто.
- Кога сум очаен си припомнувам дека во целата светска историја вистината и љубовта секогаш победувале. Имало тирани и убијци и на времето можеби изгледале непобедливи, но на крај секогаш биле победени. Секогаш помнете го ова.
- Колку поголема е љубовта, толку поголема е трагедијата кога таа ќе си замине.
- Маж и жена можат да бидат само пријатели, но во еден или друг момент, тие ќе се вљубат еден во друг. Можеби привремено, можеби во погрешен момент, можеби веќе прекасно, а можеби засекогаш.
- Пазете се од љубовта. Таа ќе ви го помати разумот до толку што нема да разликувате што е да си горе или долу и што е правилно, а што погрешно.
- Кога љубовта не е лудост, тогаш тоа не е љубов.